Нов пад на Волстрит, расте цената на нафтата

На Волстрит цените на акциите паднаа четврти ден по ред по нестабилното тргување, додека цената на нафтата дополнително се зголеми бидејќи САД го забранија увозот на руска нафта и други извори на енергија поради руската инвазија на Украина.

Dow Jones падна за 184 поени, или 0,56 отсто, на 32.634 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,72 отсто на 4.170 поени, а индексот Nasdaq се лизна за 0,28 отсто на 12.795 поени.

S&P 500 ослабна четврти ден по ред и се лизна на ново ниско ниво од јуни минатата година, додека индексот Nasdaq падна уште подлабоко, повеќе од 20 отсто под неговото претходно рекордно ниво.

Инвеститорите се многу несигурни додека ги следат вестите за војната во Украина и најавата за нови западни санкции против Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави забрана за увоз на руска нафта и други енергетски извори, додека Велика Британија соопшти дека постепено ќе го укине увозот на руска енергија до крајот на оваа година.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар вчера се приближи до нивото од 130 долари, додека цената на бензинот во САД достигна рекордни нивоа.

Како резултат на тоа, на Волстрит цените на акциите во енергетскиот сектор, најголемиот добитник оваа година, се зголемија за дополнителни 1,4 отсто.

Сепак, зголемувањето на цените на енергијата и другите суровини ги зголемува стравувањата од пораст на инфлацијата, што може да ги принуди централните банки да ја заострат монетарната политика, што пак може негативно да влијае на растот на светската економија.

„Има многу неизвесност“

Дополнително, поради високите цени на нафтата, луѓето ќе трошат повеќе на гориво, а помалку на други производи, што ќе ја ослаби потрошувачката, најголемиот двигател на економскиот раст.

„Има многу несигурност за влијанието на растот на цените на енергијата врз економијата. Мислам дека може да се очекува мало повлекување на потрошувачите. Јасно е дека повисоките цени на горивото ќе наведат многумина да заштедат на други производи“, рече Џејмс Раган, директор во D.A. Davidson.

Податоците за инфлацијата во САД во февруари ќе бидат објавени во четврток, а аналитичарите проценуваат дека таа ќе достигне 7,9 отсто на годишно ниво, што е ново највисоко ниво во последните 40 години.

Кон крајот на месецов ќе се одржи редовен состанок на лидерите на централните банки на САД на кој ќе се донесе одлука за зголемување на каматните стапки.

Инвеститорите се надеваат на благо зголемување на цената на парите, за 0,25 процентни поени, но со оглед на зголемената инфлација, ФЕД порано или подоцна ќе мора поагресивно да ги зголемува каматните стапки.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа, но благо. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,07 отсто, на 6.964 поени, но франкфуртски DAX падна за 0,02 отсто, на 12.831 поени, а париски CAC 0,32 отсто, на 5.962 поени.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе