Нов Spark.me говорник - светското име Бојд Малтерер

Тимот кој ја организира Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која се одржува на 26. и 27. мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25. мај), објави ново име на говорник на Spark.me 2018. Станува збор за Бојд Малтерер (Boyd Multerer), поранешен главен инженер за Xbox играчката конзола, кој ги основаше сервисите Xbox Live и XNA.

Работејќи во Xbox тимот, Малтерер во 2008 година го стартуваше и четири години го управуваше Xbox Live, онлајн платформа која ги поврзува играчите и овозможува размена и делење на мултимедијални содржини. Во 2004 година го основаше XNA, збир алатки кои на програмерите и дизајнерите им овозможуваат полесно и поефикасно развивање на игри. Малтерер го водеше и тимот кој беше задолжен за оперативниот систем за Xbox One конзолата, во чија надлежност беа сите клучни елементи, почнувајќи од кернелот, преку системот за безбедност, до апликациите, интерфејсот и Kinect.

Oткако го напушти Microsoft во 2014, Малтерер се занимава со истражување и создавање на оперативни системи за уреди поврзани во рамки на Интернет на нештата (Internet of Things). Користејќи знаења кои ги стакнал со претходните искуства, денес е фокусиран на безбедност, зголемување на ефикасноста и поедноставување на програмирањето. Малтерер до сега има пријавено околу 50 патенти од кои 26 се веќе официјално одобрени. Управувал со најразлични  проекти, од најмали до оние со буџети од 100 милиони долари.

Организаторите на spark.me претходно ги објавија имињата на двајца овогодишни говорници - тоа се Mark W. Schaefer (еден од водечките светски стратези во маркетингот на друштвените медиуми кој своето знаење и искуство ги дели на еден од петте најпосетувани блогови на светот {grow}) и Kerry O’Shea Gorgone (директорка за стратегии во MarketingProfs), водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водител на Marketing Smarts подкастот. Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Read more

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе