Нови 454 случаи, девет починати и 308 оздравени пациенти од COVID-19

Скопје, 29 септември 2021 (МИА) – Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, при што се регистрирани 454 нови случаи со COVID-19, како и девет починати лица и 308 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новорегистрирани случаи од Скопје се 209, Куманово 45, Штип 22, Кавадарци 17, Прилеп 16, Велес 15, Битола 13, Крива Паланка 12, Охрид и Струмица по 11, Кичево 10, Кочани, Свети Николе и Кратово по 9, Тетово и Гевгелија по 7, Ресен 5, Виница и Валандово по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар по 2 и Берово и Крушево по 1.

Од починатите девет лица, пет се од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), две од Куманово (63г и 30г) и по едно од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица починале болнички услови.

Меѓу регистрираните 308 оздравени пациенти од Скопје се 208, Струмица 17, Тетово 10, Велес и Битола по 8, Прилеп и Кочани по 7, Штип 6, Дебар 4, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип по 3, Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија по 2 и Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци по 1.

Дополнително, согласно регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште седум починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Од седумте починати, по две се од Скопје и Струмица, а по едно од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица две се починати во домашни, а пет во болнички услови.

Направени се 3.512 тестови и тоа преку ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-70, Судска медицина-2, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-130, Биотек-216, Систина-80, лабораторија Лаор-155, Синлаб-6, Ремедика-17, Плодност–39, Генеа-8, Никоб лаб-381, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-39, Ројал Медика –23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.319.

Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирања на COVID-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 190.915, бројот на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а на активни случаи изнесува 12.090.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 83.054, Активни 5.588

Куманово 11.348, Активни 979

Тетово 10.810, Активни 915

Прилеп 9.030, Активни 303

Гостивар 7.954, Активни 476

Битола 7.070, Активни 278

Велес 6.194, Активни 331

Охрид 5.926, Активни 533

Кавадарци 5.887, Активни 229

Струмица 5.711, Активни 276

Штип 5.687, Активни 233

Кичево 3.958, Активни 416

Струга 3.777, Активни 367

Кочани 3.227, Активни 150

Гевгелија 2.402, Активни 83

Неготино 2.312, Активни 39

Свети Николе 1.883, Активни 113

Ресен 1.533, Активни 95

Радовиш 1.509, Активни 93

Дебар 1.449, Активни 111

Крива Паланка 1.421, Активни 97

Берово 1.207, Активни 30

Делчево 1.118, Активни 66

Виница 1.026, Активни 50

Пробиштип 909, Активни 32

Валандово 815, Активни 34

Кратово 564, Активни 61

Богданци 545, Активни 11

Крушево 527, Активни 20

Македонски Брод 466, Активни 28

Демир Хисар 437, Активни 25

Демир Капија 409, Активни 4

Пехчево 312, Активни 4

Македонска Каменица 299, Активни 20

Дојран 139, Активни 0.

реклама

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Викенд хороскоп за секој знак

Read more

Македонија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Read more

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Read more

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Read more

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Read more
 

Вести

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Албанскиот премиер ја пречека Џорџа Мелони на колена

Читај повеќе

Четворица повредени од пожарот во Кочани се враќаат во земјата

Читај повеќе

Ексдиректорите добија затворски казни за пожарот во модуларната болница во Тетово

Читај повеќе