Нови маки за Трамп: Отворена истрага која може да го разреши од функцијата

Вашингтон, 25 септември 2019 (МИА) – Претставничкиот дом на Конгресот на САД почна официјална истрага за претседателот Доналд Трамп под сомнение дека поттикнува странски лидер да покрене истрага против политички ривал. 

Претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси го објави започнувањето на истрагата на прес-конференција велејќи дека „никој не е над законот“. Пелоси соопшти дека Конгресот официјално ја започна истрагата која може да резултира со отворање на постапка за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во изминатите денови САД се потресени од нов политички скандал во режија на Доналд Трамп, кој според свиркач, се обидел да влијае врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да отвори и фабрикува истрага за синот на Бајден, Хантер, кој бил во управниот одбор на украинската енергетска компанија Буризма.

Доналд Трамп во неделата потврди дека разговарал со украинскиот претседател преку телефон за неговиот политички противник во претседателската трка во САД, демократот Џо Бајден и неговиот син. Трамп тврди дека не извршил притисок врз Зеленски да го истражи кандидатот за демократски претседател и ја условувал американската помош во замена за истрагата, пренесуваат американските медиуми.

Во твит тој најави дека препис од интервјуто ќе биде објавен денеска и посочи дека повикот бил „целосно соодветен“.

Демократските пратеници во американскиот Конгрес, по признанието на Трамп дека разговарал со украинскиот лидер за Бајден, го поддржале започнувањето на истрагата што може да доведе до отповикување на актуелниот американски претседател, но со оглед на процесот на отповикување и врската со Сенатот, таквиот исход не изгледа веројатен.

Според Уставот, претседателот може да биде сменет за „предавство, корупција или други сериозни злосторства и престапи“. Што точно значи тоа не е целосно јасно, но може да опфати корупција и други злоупотреби на довербата на јавноста.

Претседателот не мора да прекрши специфична одредба од кривично право за сторено кривично дело што води кон отповикување. Ниту еден американски претседател не е сменет досега директно со постапката на „импичменет“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на демократите во Претставничкиот дом да покренат формална истрага за него, што може да доведе до негово отповикување, нагласувајќи дека станува збор за „лов на вештерки“.

„Таков важен ден во Обединетите Нации, толку многу работа и толку многу успех, а демократите намерно мораа да ги уништат и понижат сите со ударни вести. Ловат вештерки “, напиша Трамп на Twitter. Тоа, додаде тој, е лошо за Америка.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе