Новинар, режисер и поранешни вработени во УБК сведочеа во „Тврдина-Таргет”

Новинар, режисер и поранешни вработени во МВР-УБК денеска сведочеа во предметот „Тврдина-Таргет’’. Новинарката Мери Јордановска-Чанчаревиќ, во свој исказ пред судечкиот совет предводен од судијката Џенета Бегтовиќ, рече дека мотиви да бара од СЈО потврда дека била прислушувана незаконски произлегле од прес-конференцијата одржана од СДСМ, кога и била доставена папка со транскрипти од разговори.

– Во папката имаше наведено 10-20 разговори меѓу мене и различни лица. Дел од разговорите беа прераскажани, а дел како дијалог. Тогаш добив сознание дека сум била прислушувана, рече новинарката Јордановска-Чанчаревиќ, која уште додаде дека се чувствува како оштетена, односно ќе биде вклучена во граѓанската постапка која е најавена за овој случај.

Свој исказ имаше и лицето Игор Иванов, (режисер – филмски работник) кој пред судот рече дека е изненаден што денеска е повикан како сведок, со оглед дека од обвинителството не вратиле одговор дали е прислушуван или не. Објаснувајќи ги причините зошто поднел барања за потврди дали е прислушуван незаконски, тој рече дека во тој период (2008-2015) неговото име се појавувал во јавноста во негативен контекст.

– Појавувањето на моето име во јавноста од тогашната власт имаше импликации по мене. Некои луѓе не сакаа да комуницират преку телефон. Заради ова побарав да видам дали сум прислушуван, рече сведокот Иванов. Тој истакна дека откако ќе добие потврдата дали е прислушуван ќе се изјасни за оштетата.

На ова рочиште сведочеа и две лица, поранешни вработени во УБК од делот за логистика, кои учествувале во уништувањето на опремата за следење на комуникаците во 2014-2015 година во Волково и Горѓе Петров.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 8 октомври.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ е започнато на 22 декември 2017 година. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе