Новинарката суспендирана поради твит за Коби Брајант е вратена на работа

Новинарката која беше времено суспендирана од работното место во весникот Washinton Post поради „лошо темпирана“ објава на Twitter поврзана со кошаркарот Коби Брајант, е вратена на работа, соопштија денеска од весникот.

Отаму соопштуваат дека менаџментот на весникот извршил внатрешна ревизија и заклучил дека твитот на новинарката во редакцијата за политика, Фелиша Сонмез, иако биле „лошо темпирани“, сепак „не ја нарушија точно и директно нашата политиката за социјалните мрежи“.

Инцидентот се случи во неделата откако се дозна за трагичната хеликоптерска несреќа во која загинаа поранешниот НБА кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица.

Новинарката на својот профил на Twitter објави линк до прилог на порталот Daily Beast од 2016 година. Во прилогот се говори за кривично дело кое против Брајант било покренато во 2003 година. Тогаш, 19-годишна работничка во хотел во Колорадо го обвини спортистот за силување, но одби да оди на распит во суд. Самиот Брајант ја призна својата вина со објаснување дека погрешно разбрал дека сексуалниот однос меѓу нив бил обострано прифатен. Кошаркарот потоа јавно се извини за свиоте постапки.

Случајот беше затворен со вонсудски договор кој остана недостапен за јавноста. Некои медиуми шпекулираат дека според договорот, девојката добила 2,5 милиони долари оштета.

Веднаш по објавениот твит, Сонмез добила повеќе закани кои таа ги репостирала во социјалните мрежи, и поради тоа од весникот добила привремен отказ од работа.

Но, нејзини колеги од редакцијата и членови на синдикатот на Washington Post настапија во одбрана на нивната колешка, барајќи од весникот не само да ја врати на работа веднаш, туку и да ја заштити од постојаните закани.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе