Новите министри ги презедоа функциите, Владата почнува со работа

Со примопредавање на функцијата новите министри и официјално го започнаа четиригодишниот мандат. Најголем дел од нив вчера ги презедоа функциите, а останува денеска уште поранешниот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров да си ги разменат функциите и да почнат да раководат со новите ресори што им припаднаа, по што новата Влада и официјално ќе почне со реализацијата на нејзината програма.

На вчерашната средба со претставниците на четирите стопански комори во земјава премиерот Зоран Заев најави дека Влада целосно ќе биде посветена на економијата, јакнење на компаниите, извозот и оти ќе води стабилна даночна политика.

– Испраќаме порака за доминантен фокус на Владата на економијата, економскиот стандард на нашиот народ, севкупен економски раст и развој затоа што нивото на кое сме дојдени навистина е „напеналено“, а пред нас е неповторлив период кој мораме да го искористиме. Испративме порака за предвидливост во периодот кој претстои, ќе има е стабилен период без предвремени избори, четиригодишен,  многу значаен за домашната економија која ќе може да прави планови за свој динамичен раст и развој и да ја има предвид превдидливоста за кои било идни инвестициски или кои било активности на бизнис секторот, изјави по средбата Заев.

Во есенско зимскиот период следуваат, како што најави, нови пакети мерки за помош на стопанството кое е погодено од ковид-кризата. Мерките ќе се димензионираат заедно со коморите за, како што рече Заев, да се максимизираат сите ефекти.

Новата министерка за образование и наука Мила Царовска по двата одделни состанока со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, но и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата, порача дека Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата.

Тагови
реклама

Македонија

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Read more

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Дали Доналд Трамп може да биде претседател иако е осуден?

Читај повеќе