Ново продолжение на конститутивната седница

Четиринаесеттото продолжение на конститутивната седница почна со говор на пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Во слична атмосфера како и вчера, на нејзиниот говор се надоврзуваат пратеници од нејзината партија. Се редеа прашања околу истата теза околу платформата на албанските партии.

„Јас како пратеник немам ништо против албанскиот народ. Ние сакаме да живееме заедно, да имаме соживот со нашите сограѓани. Проблем е што таа платформа е донесена од друга држава. Ги повикувам пратениците да говориме за оваа платформа,што треба, што не треба да има. Исто така предложив да се изјаснат сите пратеници поеднично кој е за, кој е против оваа платформа“.

Нејзиниот колега Крсто Мукоски ги повика помалите партии и пратениците кои доаѓаат од граѓанскиот сектор да се изјаснат дали се согласуваат со заедничката декларација на албанските партии.

„Да ги прашаме луѓето од Шарената револуција дали се согласуваат со платформата, дали тие протестираа за оваа платформа? Да ги прашаме и другите од НСДП, од ЛДП. Неопределените да ги прашаме? Кога ќе се изјаснат сите тие луѓе, како и оние што протестираат надвор, можеме да избереме комисија и претседател на Собранието. Кога ќе одговориме на овие прашања, ќе видиме дали ова мнозинство е реално.

Засега пратениците кои беа прозвани не се изјаснуваат, а молчат и пратениците од СДСМ. Инаку, Собраниската седница веќе трета недела е сопрена на третата точка од дневниот ред, односно верификување на мандатот на Комисијата за избори и именувања.

Непосредно пред отворање на расправата за збор се јавија над 50 пратеници, а досега е исцрпена дискусијата за само шест.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе