Ново рочиште за случајот „Монструм“

Скопје, 25 јуни 2018 (МИА) - Ново рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е закажано за денеска во Кривичниот суд.

На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро.

Сведоците останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде често оделе да рибарат, и објаснија пред судот што виделе и чуле.

Еден од сведоците повтори дека на 12 април 2012 со тројца пријатели бил на Смилковско Езеро на рибарење, каде попладнето околу 17:30 и 18 часот дошле тројца-четворица млади луѓе со бело возило, кои им побарале леб за рибите и по кратко заминале. Подоцна, кога сакале да си заминат, ги пресретнало едно лице со пушка, кое им се заканило дека ќе ги убие и ги избркало назад. Од езерото си заминале по темница, а за петкратното убиство дознале дома на телевизија. Следниот ден биле приведени во полиција за случајот.

Сведоците одговараа на прашања од судечкиот совет, од СЈО и од адвокатите на одбраната. На првиот од сведоците, по едночасовно испрашување, му се слоши во судницата, по што рочиштето беше прекинато еден час.

Претседателот на Судечкиот совет Огнен Ставрев, кажа дека на следното рочиште се продолжува со доказна  постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе