Новоизбраниот претседател на Франција, Макрон: Нема да ве разочарам!

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, им вети на Французите дека ќе направи сè што може да не ги разочара, бидејќи ја разбрал нивната порака за промена.

„Свесен сум за вашиот гнев, за вашиот сомнеж“, порача Макрон изјавувајќи дека разбира зошто голем број од граѓаните гласале за Марин Ле Пен. Тој порача исто така дека Франција ќе биде на првата линија во борбата против тероризмот, и дека ќе ја гарантира безбедноста и унитарноста на земјата.

Негова главна задача, рече Макрон, ќе биде да ги обнови и модернизира политичкиот живот и демократијата во земјата и да ја направи Франција повторно оптимистичка. „Вие избравте да ми ја дадете вашата доверба и јас ја изразувам мојата длабока благодарност”, рече новиот претседател во првото обраќање.

„Го чувствувам тоа како чест и одговорност. Многу ви благодарам од срце, нема да ве заборавам.Сакам вечерва да испратам поздрав до мојата противничка мадам Ле Пен. Знам дека поделбите во нашата земја доведоа до некои екстремни гласови. Моја одговорност е и вас да ве слушнам и да ги заштитам најранливите“, изјави Макрон во обединувачкиот прв говор по изборите што ја поделија нацијата.

Откако најави дека се отвора нова страница во долгата историја на Франција, тој нагласи дека посакува таа да биде страница на надеж и обновена доверба.

На Европа тој ѝ вети дека ќе ги исполни сите меѓународни обврски што ги презела досега земјата и дека ќе работи на зајакнувањето на меѓусебните врски.

„Во текот на петте години од мандатот моја одговорност ќе биде да ги смирам стравувањата. Моја одговорност ќе биде да ги обединам сите кои сакаат да се соочат со огромните предизвици во иднина,” рече Макрон, ветувајќи дека ќе се бори со сета сила против поделбите што ја поткопуваат земјата и дека ќе и служи со смиреност, посветеност и одлучност.

Говорот тој го заврши со зборовите „Да ја сакаме Франција, да живее Републиката“.

Макрон според последните резултати освои 65,8 отсто од гласовите.

Четири милиони регистрирани гласачи во Франција не излегоа воопшто на гласање.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе