Објавен трејлерот за „The Midnight Sky“ со Џорџ Клуни во главната улога
„The Midnight Sky“ е научно-фантастичен филм кој се опишува како микс од филмовите „The Revenant“ и „Gravity“. Џорџ Клуни е режисер на филмот, но ја толкува и главната улога. Сценариото е на Марк Л. Смит.
Во филмот се зборува за научникот Огaстин кој се наоѓа на научна експедиција на Арктикот. Земјата е уништена и тој е единствениот кој преживеал, но е болен од рак. Пред да умре ќе открие дека со него се наоѓа едно девојче по име Ирис кое се сокрило за време на последната евакуација. Нејзината судбина е во негови раце.
Филмот пристигнува на Netflix на 23 декември.