Објавена листата на државници на кои Путин им честиташе Нова година

МИА / КАЈГАНА
/ 30.12.2022 / 15:21

Претседателот на Русија, Владимир Путин нема да им честита Нова година на американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон, како и на германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ.

– Овие колеги не ни честитаат. Всушност, ние немаме никаков контакт со нив. А земајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, претседателот нема да им честита, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Путин, пак, испрати честитки за Нова година на адреси на неколку светски лидери блиски до Кремљ. Според списокот што денеска го објави неговиот кабинет, станува збор за кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сирискиот претседател Башар ал Асад, српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот претседател Виктор Орбан, претседателот на Венецуела Николас Мадуро, индискиот премиер Нарендра Моди, Бразилскиот претседател Жаир Болсонару, боливискиот претседсател Луис Арсе, белорускиот лидер Александр Лукашенко, како и на лидерите на поранешните советски републики Азербејџан, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан, на Виетнам, Куба, Никарагва и на отцепените од Грузија де факто независни Абхазија и Јужна Осетија.

Тој им честиташе и на Силвио Берлускони и на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе