Обвинение против тројца лекари за смртта на родилката во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против тројца лекари, еден анестезиолог вработен во болницата во Гевгелија и двајца гинеколози вработени во Струмица за смртта на родилката во Гевгелија и нејзиното новороденче.

Обвинителството ја запре истражната постапка против другиот анестезиолог кој во меѓувреме почина.

Според Обвинителството, едниот гинеколог ја повикал жената да се јави на преглед на 22 октомври минатата година.

По извршените контролни прегледи не постоела ниту една медицинска односно клиничка индикација за породување, со оглед на тоа што веројатниот термин за породување на сега покојната бил 2 ноември. Спротивно на Упатството за згрижување при царски рез донесено од Министерството за здравство на Република Македонија, обвинетиот ја известил родилката дека вечерта околу 19.00 часот ќе изведе оперативниот зафат – царски рез за нејзино породување.

Во закажаниот термин, медицинскиот тим не бил комплетиран бидејќи едниот анестезиолог доцнел еден час, а кога пристигнал бил пијан. Сепак гинеколозите продолжиле со оперативниот зафат.

Анестезиологот безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал на помош својот колега – сега покојниот анестезиолог кој бил исто така пијан.

И тој направил неколку неуспешни обиди за интубација. Спротивно на Упатството за безбедна хирургија на СЗО, согласно кое предвидениот број на обиди за интубација не треба да биде поголем од 3, ниту да трае подолго од 10 минути, во случајов постапката траела речиси 30 минути, поради што смртта настапила како последица од задушување.

По преземените дејствија за реанимација на родилката, откако претходно во два наврати ја напуштиле операционата сала и пак се враќале, од страна на гинеколозите е направен царски рез и од утробата на сега покојната е извадено новородено женско дете кое е предадено на неонатална медицинска сестра и на лекар педијатар. Анестезиологот и врз новороденчето направил безуспешен обид за реанимација, но по десетина минути од породувањето и тоа починало.

„Со овие дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, се согласиле со истата и воопшто несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената

состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето“, соопштуваат од Обвинителството.

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе