Обвинета во „ТНТ“: Не можам да одам на одмор ако остане мерката за пасош

Во Апелациониот суд денеска беше разгледана жалбата на Александра Димитриевска Аврамовска, вработена во Општина Гази Баба, која е обвинета во предметот „ТНТ“ и на која ѝ одземен пасошот со одлука на првостепениот суд.

Одбраната на обвинетата тврди дека во нејзиниот случај се крши Законот за кривична постапка.

„Судовите лесно определуваат притвори и мерки на претпазливост“, рече адвокатот Боро Тасевски за обвиненијата на СЈО.

Одбраната тврди дека не ги добила списите и немала можност да се подготви.

„Вештачењата на СЈО се добиваат по завршена истрага“, вели Тасевски. Според него, во предметите на СЈО нема индивидуализија на причините за определување две мерки на претпазливост, односно за одземање на пасошите и обврската да се јавуваат во судот еднаш неделно.

Обвинителот Гаврил Бубевски побара жалбата на обвинетата да биде одбиена.

„Првостепениот суд правилно утврдил кога определил мерки на претпазливост“, рече тој.

Обвинетата се бранеше дека не е виновна и дека не сторила никакво кривично дело.

„Не сум виновна. Не можам да одам на одмор ако остане мерката за пасош. Бев најдобра студентка и бев вклучена во национални програми“, рече обвинетата.

Таа пред Судот наведе дека на 27 години станала инспекторка за животна средина.

Димитриевска Аврамовска е седмообвинета во „ТНТ“ за уривање на објектот „Космос“.  Наредбата за уривање на објектот, како што тврди СЈО, незаконски се реализирала преку општина Гази Баба, а причината била политичка одмазда бидејќи Фијат Цаноски, како претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Првоосомничена во случајот е градежната инспекторка од општина Гази Баба, а освен неа, СЈО сомничи уште три лица од Комисијата за јавни набавки на општината. Обвинети во „ТНТ“ се и Никола Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба – Тони Трајковски.

Претходно во Апелациониот суд беа разгледани жалбите на Трајковски и на Марика Зафировска, вработена во Општината.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе