Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за оние кои признаа вина за „Титаник“

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за предметот „Титаник” по признанието на вина на дел од обвинетите, пред судот ги претстави олеснителните и отежителните околности и посочи на ублажување и условување на казните.

Посочувајќи дека го почитува признанието на вина на обвинетиот Мартин Протуѓер, Стефанова побара да му биде изречена намалена и условна казна поради повеќе олеснителни околности меѓу кои тоа дека се работи за татко на три деца, невработен, со влошена здравствена состојба.

За обвинетиот Миле Јанакиески, кој, исто така, ја призна вината, таа побара од судот да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. Ублажување на казните Стефанова побара и за Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска-Бошкоски кои, исто така, денеска ја признаа вината. Преземањето на дејствија на Јанкулоска како министерка за внатрешни работи, Стефанова ги посочи како отежителна околност.

Обвинетите Мунир Пепиќ, Кире Тодоровски и уште двајца други се, исто така, помеѓу оние кои признаа вина.

Судењето за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе