Од „8 Септември“ заминува главниот инфектолог, отказ дала и докторка од Инфективна

Една докторка – инфектолог дала отказ од Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница, а исто така и докторката која го раководеше Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Не знам дали е формализирано сето тоа, јас разговарав со неа, но таа е решена за тоа. Таму има други двајца инфектолози. Размислуваме и веќе разговаравме за начинот на којшто ќе се засили тоа одделение. Засега, заедно со интернистите, имајќи го овој број на пациенти кои се хоспитализирани и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволно, рече Филипче.

За медицинските сестри од Инфективната клиника рече дека тие на иницијалниот состанок, иако тврделе дека нема да заминат во приватна институција, тоа го направиле.

-Искомунициравме уште еднаш за потоа да кажат дека планираат да ја напуштат клиниката и согласно тоа, Инфективната клиника одлучила да ја преземат нивната функција, рече Филипче.

На прашањето зошто си заминува кадарот од државните клиники, министерот одговори дека тоа е тешко да се каже. Дел рекле се преморени, а дел имале други причини, но според Филипче, сепак, тешко е да се каже зошто даваат откази.

Доколку се зголеми бројот на заболени од COVID-19, министерот за здравство Филипче на денешната прес-конференција рече дека доаѓа во предвид затворање на училиштата и градинките или во некои општини и региони согласно епидемиолошката слика, или ако се случи да имаме сериозен притисок и во целата држава.

-Засега нема сериозен проблем во градинките, во училиштата има спорадични случаи. Нема внатрешна трансмисија. Обично од надвор дојде вирусот, но и тие прекратко работат за да може да носиме одлука, рече Филипче.  

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе