Од нив се плашат и талибанците: ИСИС-К се закануваат со напади во Кабул

Б.С.Б.
/ 26.08.2021 / 11:28

Очите на светската јавност во претходните неколку недели се вперени во Авганистан, каде талибанците ја презедоа контролата над целата земја. Претседателот Ашраф Гани избега, за да на тој начин, според него, се избегне крвопролевање.

Епилог на тоа се сцените во кои илјадници луѓе панично сакаат да избегаат од Авганистан, упатувајќи се на аеродромот во Кабул.

Некои од нив загинаа во обидот да излезат од земјата, а тажни се и глетките од очајни мајки како ги молат американските војници да ги спасат нивните деца.

Но, сега се појави уште порадикална и понасилна организација, од која и талибанците се плашат. Станува збор за група на Исламска држава, основана во 2015 година, а која за цел има да воспостави калифат на територијата на Големиот Хорасан којашто вклучува делови од Иран, Авганистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. ИСИС-К првично почна како раздвоена група на пакистански талибанци.

Белата куќа објави дека има информации дека ИСИС-К планира да организира бран напади за да ги осуети напорите за формирање влада во Авганистан. Колку е опасна ситуацијата говори и податокот дека американските вооружени сили и ЦИА изведуваат тајни операции со цел да ги евакуираат своите граѓани надвор од аеродромот во Кабул, односно дека е се поголема заканата дека ИСИС-К ќе започне со серија терористички напади, објави The Wall Street Journal.

Џо Бајден е информиран за заканите кои ги претставува оваа терористичка организација. Според некои наводи, лидер е извесен Шахаб ал Мухаџир, а имаат изведено околу 100 напади на цивили и уште 250 напади на американски, авганистански и пакистански сили.

Еден од последните напади се случи во мај кога ИСИС-К уби најмалку 68 Авганистанци, а повредени беа 165 луѓе кога беа разнесени два автомобила пред училиште во Кабул.

Талибанските стражари продолжуваат да ги штитат цивилите околу аеродромот во Кабул, изјави синоќа анонимен талибански функционер, додавајќи дека западните сили мора да се придружуваат на рокот за завршување на евакуацијата од Авганистан до крајот на овој месец.

Талибанците велат дека ги ризикуваат животите кај аеродромот во Кабул, додека Исламска држава се заканува.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе