Од отворањето на градинките досега - 15 заразени деца и 44 вработени

Скопје, 15 октомври 2020 (МИА) – Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирус.

Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Според информаците од епидемиолозите децата инфекцијата не ја стекнале туку ја носат од своите домови.

-Здравствената состојба на сите нив е добра. Голем дел од нив се излезени од изолација, голем дел и од воспитувачите и негувателите завршиле со изолација и се враќаат на своите  работни места, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање на МИА.

Таа додаде дека Владата и надлежните институции будно ја следат состојбата, бидејќи како што рече здравјето на сите граѓани во моментов е нивен приоритет.

Одговарајќи на новинарско прашање за информации за заболени вработени во градинки во општините Ѓорче Петров и Карпош и голем број деца во изолација, министерката Шахпаска рече дека за тоа кој ќе оди во изолација по регистриран случај на позитивен на коронавирус одлучуваат епидемиолозите врз основа на епидемиолошка анкета.

-Не е изненадувачки доколку некој воспитувач или негувател е позитивен во изолација да одат и цели групи до 15 деца, бидејќи во групите од три до шест години има до 15 деца, рече министерката.

Во врска со информациите за позитивни случаи на вработени и поголем број деца во изолација во градинката Росица во Карпош Шахпаска појасни дека тоа е градика со три објекти и бројката од 44 изолирани деца е вкупна бројка од трите различни објекти.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе