Од полноќ за 3 денари поскапи бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за по 3 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година, соопштија вечерва од Комисијата.

Согласно одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/kg и сега ќе изнесува 55,163 ден/kg.

Од 25.03.2022 година од 0:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                      82,00            (денари/литар)

– Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                      84,00            (денари/литар)

– Дизел гориво                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                84,00            (денари/литар)

– Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                   81,00            (денари/литар)

– Мазут М-1 НС                                                                            55,163    (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,944%, кај дизелот за 5,650%, кај екстра лесното масло за 5,694% и кај мазутот за 3,588%.

Од РКЕ велат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059%.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 25.03.2022 година и потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе