Одбележување на 20-годишнината од загинувањето на резервистите кај Карпалак

Со повеќе чествувања денеска во Прилеп се одбележува 20 годишнината од загинувањето на 10-те прилепски резервисти кај месноста Карпалак.

Изутринава делегации од градот, на семејствата, на преживеани и од локалната самоуправа заминаа на месноста Карпалак да им оддадат почит на загинатите. Делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите на градските и на гробиштата во населените места. Од 10 часот во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила ќе се одржи панихида за загинатите, а напладне, од 12 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

На централното чествување цвеќе ќе полажи и делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска и Петар Ристески. А на месноста Карпалак, од 9:30 часот, цвеќе ќе положат пратениците Марија Георгиевска и Александар Велјановски.

Чествувањата почнаа синоќа пред спомен-обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ каде делегации положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменот на 10-те загинати прилепски резервисти.

На 8 август 2001 година во заседа поставена кај месноста Карпалак на автопатот Скопје–Тетово загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на Армијата. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе