Одбиени пет амандмани за ребалансот на Буџетот поднесени од ВМРО-ДПМНЕ

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, во рамките на 38. седница.

Мнозинството во Комисијата досега одби пет амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, од над 170 поднесени од оваа пратеничка група. Покрај амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се 28 од Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, вкупно 204 амандмани.

Најмногу дебата предизвика амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, кој беше одбиен од мнозинството.

Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

Комисија за финансирање и буџет амандманската расправа за ребалансот на Буџетот ќе ја продолжи утре во 11 часот. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе