Одбраната во „Плацови на Водно“ бара укинување на притворот за Камчев или замена со куќен притвор

Со изведување на материјални докази од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Плацови на Водно“. Јавната обвинителка Лиле Стефанова, почна со презентирање нотарски заверки на документи и потврди за плаќања од извршени купопродажби.

На почетокот на денешното рочиште, одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, истакна предлог за укинување на мерката притвор или заменување со мерка куќен притвор.

По сослушување на предлогот, судијата Илија Трпков, рече дека вакво барање се изнесува на крајот од рочиште и дека Судот ќе се произнесе на крајот од денешното рочиште и Обвинителството да почне со изведување на докази.

Обвинетиот Јордан Камчев, пред Судот рече дека, да сакал да бега, ќе избегал зошто шест месеци имал времен пасош и побара од Судот да одреди разумна кауција што треба да ја достави за да може да подготвува одбрана од својот дом.

– Имав времен пасош од мај 2019 до ноември 2020 и го користев 56 пати за службени патувања. Последен пат го користев четири дена пред истекот, за итно патување во Истанбул за што е информиран и министерот Спасовски. Да сум сакал да бегам, ќе сум бегал, изјави Камчев.

Според Камчев, обвинителката Стефанова во сите шест барања за промена на определените мерки ги манипулира податоците, за што, рече дека ќе има и посебна постапка против неа.

– За белешката од АБН сум подготвен веднаш на полиграф да одговарам. Второ, обвинителката манипулира дека јас поседувам фирми во Србија, Хрватска, Косово и Русија, за кои доставивме податоци од централните регистри од овие држави дека сите овие компании се затворени, со што се покажува дека доставените докази од Обвинителството се лажни и неточни, изјави Камчев.

Камчев, пред судот нагласи, дека иако понудил неколку милиони гаранција, во пари, имот и акции, тој пак седум месеци седи во притвор во Затворот во Шутка.

– Барам како суд да ми определите потребна банкарска гаранција или кауција, што треба да ја доставам, за да можам да подготвам одбрана од домашни услови, изјави Камчев.

Неговиот бранител, адвокат Гоце Ристески, посочи дека за обвинетиот доставена е и обемна медицинска документација, за постоење на сериозни импликации за ризик од кардиоваскуларна смртност.

Судијата Илија Трпков, посочи дека иако има голем адвокатски тим, сепак ваков предлог изнесува на почетокот, а не на крајот од рочиштето како што е пракса и дека Судот по предлогот ќе се произнесе на крајот на денешното рочиште.

Судијата, исто така, праша кој ја подготвува диеталната храна што се доставува на обвинетиот, бидејќи рече дека Судот добил известување оти при претрес на храна за обвинетиот Јордан Камчев, откриени се пури и ножички за сечење пури.

За ова, исто така, судијата рече дека ќе се произнесе на крајот од главната расправа.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе