Одложена седницата, Советот на јавни обвинители бара Јанева да го презентира извештајот

Советот на јавни обвинители ја одложи денешната седница на којашто требаше да се разгледува извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за првите шест месеци, бидејќи Специјалната обвинителка, Катица Јанева, не дошла да го презентира извештајот.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, соопшти дека извештајот ќе биде разгледуван во среда и ја повика Јанева да се појави пред Советот, иако оттаму изјавија дека немаат законска обврска да го презентираат извештајот.

„Сите заклучивме дека нејзиното присуство е потребно, бидејќи има доста нејаснотии и ги интересираат одредени проблеми кои се наведени во тој Извештај. Од тие причини, Извештајот ќе биде разгледуван во среда во 11 часот и повторно ја повикуваме обвинителката, која и овојпат покажа непочитување, да се појави, се надевам дека в среда ќе биде присутна. Тоа е нејзина должност, Советот е орган пред кој таа одговара за нејзиното стручно и законито постапување. Да не испадне потоа  да донесеме заклучоци, па да речат дека не биле точни“, изјави Аневски.

Специјалното јавно обвинителство во вторникот го испрати извештајот за шестмесечното работење до надлежните институции како и до Собранието, коешто, пак, седница за негово разгледување закажа за 28 март.

Во извештајот Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најавува дека во најскоро време може да се очекуваат и првите обвиненија, анализирајќи дека во овој период се започнати многу предистражни постапки, од кои дел се во поодмината фаза, а дел поминале и во фаза на истрага.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Read more
 

Вести

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе