Две спортски обложувалници во Скопје биле ограбени во текот на ноќта.
Тешките кражби биле пријавени во полицијата ноќеска во 3:50 часот. Крадците по кои се трага одзеле два сефа со пари, но засега не е познато за колкава сума станува збор.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.