Oрбан не го менува ставот: Нема да поддржиме преговори за пристапување на Украина во ЕУ

Макфакс
/ 14.12.2023 / 11:11

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, на средбата со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повтори дека Унгарија нема да го поддржи отворањето на пристапните преговори со Украина во ЕУ.

Орбан рече дека дводневниот состанок на ЕУ, којшто почнува денеска, ќе се фокусира на шансите на Украина да се приклучи на европскиот блок.

Тој додаде дека раководството на ЕУ сака на дневен ред на состанокот да го стави прашањето за отворање на пристапните преговори со Украина и се обидува да ја охрабри Будимпешта да се согласи на оваа одлука.

„Сметаме дека пристапот на Украина во ЕУ би имал катастрофални последици за Унгарија. Во сегашните околности, пристапот на Украина во ЕУ изгледа ненавремен. Затоа, не треба да се поддржи“, смета унгарскиот премиер.

Во средата, во унгарскиот парламент, Орбан презентираше детални аргументи против почетокот на пристапните преговори со Украина.

Унгарската влада смета дека Украина сѐ уште не е подготвена за преговори и дека нејзиното пристапување во ЕУ сериозно ќе им наштети на интересите на сите членки на блокот.

Огромното мнозинство унгарски пратеници го поддржаа тој став.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе