Ослободен најстариот затвореник од Гвантанамо

Најстариот затвореник во Гвантанамо, 74-годишен Пакистанец, е ослободен и денес се врати во Пакистан, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Саjфула Парача се вратил во Пакистан по 19 години минати во затвор во американската воена база на Куба.

Парача бил приведен во 2003 година по апсење во Тајланд под сомнение дека имал врски со Ал Каеда, но никогаш не бил осуден. Во мај минатата година му било соопштено дека е ослободен од затвор.

Парача живеел во Њујорк, каде што поседувал имот, а бил претприемач во Пакистан. Обвинет бил дека финансиски поддржал двајца заговорници за терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.

Парача цело време негирал дека е вмешан во тероризам, односно не знаел дека станува збор за членови на Ал Каеда. За овие обвинувања Пакистанецот одлежал казна затвор од 19 години.

Тагови
реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе