Османи: На политичарите им треба поголема плата за да нема корупција

Потребно е зголемување на платите на политичарите бидејќи се ниски, а тоа е важно прашање и во борбата против корупцијата и за привлекување поквалитетни кадри во политиката, но тие треба да бидат последните на листата на граѓани кои што треба да имаат зголемување на платите, смета шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Секој политичар кој што ќе каже дека не му е важна платата, тоа не е добра порака, бидејќи веројатно има друг извор. Јас немам друг извор за живеење освен оваа плата. Се разбира дека секој би сакал да има поголема можност, но од етички аспект мислам дека политичарите треба да бидат последните на листата на граѓани кои што треба да имаат зголемување на платите. Да, треба, затоа што се скандалозно мали, меѓутоа, треба да бидат последни на листата откако на сите ќе им се зголемат тогаш на политичарите. Тоа од етички, од практичен аспект е демагогија, секој што ќе каже дека не му е важна платата во овие тешки времиња за сите граѓани, изјави Османи на новинарско прашање по засадувањето дрвца во Паркот на франкофонијата.

Тој појасни дека не е запознаен со деталите на одлуката на Уставниот суд која беше соопштена вчера.

Очекува за оваа одлука да стане збор на седница на Влада при што ќе го предочи ваквиот него став дека приоритет треба да имаат граѓаните, оние со примања блиски до минимална односно до просечна плата.

-Фокусот треба да биде на тоа, не само затоа што тоа е добро за увото на граѓаните, туку поради морален, етички аспект на функционирање на државата, политичарите треба да бидат тие што даваат пример. И затоа е многу важно прво да се адресираат прашањата на социјално загрозените категории... Иако и прашањето на платите на политичарите е важно и во борбата против корупцијата и во борбата за привлекување поквалитетни кадри во политиката. Инаку, со ова ниво на плати нема секој граѓанин кој што е квалитет и може да нуди на политката ќе одлучи да се бави со политиката. Но во овие околности граѓаните имаат предност, нагласи Османи.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на истото прашање изјави дека целосно се согласува со министерот Османи и дека на барање од службите веќе им дал насоки за овој месец платата да биде пресметана како и за претходниот.

-Ќе ја разгледаме одлуката на Судот. Јас лично како градоначалник континуирано донираме за социјално загрозени семејства, така што доколку има покачување, поголем дел од покачувањето ќе го дадеме за социјално загрозените семејста во општината, рече Герасимовски.

Со одлуката на Уставниот суд се укинаа член 4 и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица со кои во изминатите години се одредувал фиксен износ како основа за определување на платите на функционерите, а останува во сила член 11 од истиот закон според кој, како основица се зема просечната плата исплатена во минатата година според Државниот завод за статистика. Основицата досега се утврдуваше со одлука на Собранието, и според неа се пресметуваа платите со коефициенти. Таа последен пат изнесуваше 26.755 денари нето, а просечната плата за минатата година, која сега треба да биде основица за пресметка на платите на функционерите изнесува речиси 32 илјади денари.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе