Остар пад на Волстрит, расте стравот од рецесија

На Волстрит, цените на акциите нагло паднаа во средата, бидејќи слабите економски показатели ги оживеаја стравувањата од рецесија, додека лидерите на американската централна банка најавија натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки.

Dow Jones падна за 1,81 отсто, на 33.296 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,56 отсто, на 3.928 поени, а индексот Nasdaq се намали за 1,24 отсто, на 10.957 поени.

Сите нови макроекономски податоци укажуваат на слабеење на најголемата светска економија. Продажбата на мало и цените на производителите паднаа повеќе од очекуваното во декември, а нагло падна и фабричкото производство.

Сето ова ги оживеа стравувањата од рецесија, додека претходните денови инвеститорите се надеваа на „меко приземјување“ на економијата.

„Инвеститорите конечно разбраа дека ограничувањето на инфлацијата не е бесплатно, дека затегнувањето на монетарната политика од страна на ФЕД ќе има економски трошоци.

„Се чини дека инвеститорите премногу сметаа на ‘меко приземјување’“, вели Мајкл Рејнолдс, стратег во Glenmede.

Во првите две недели од оваа година, цените на акциите значително се зголемија бидејќи инфлациските притисоци во САД донекаде се намалија, што отвори простор за ФЕД да го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

Индексите паднаа најмногу во изминатиот месец

Сепак, по неколкудневен раст, вчера берзанските индекси паднаа со највисока стапка во изминатиот месец.

„Новите економски показатели им послужија на некои инвеститори да ги повлечат профитите од пазарот“, вели Сем Стовал, стратег во CFRA.

Инвеститорите беа потресени и од изјавите на двајцата шефови на американската централна банка, Џејмс Булард и Лорета Местер, дека клучните каматни стапки ќе треба да се подигнат над нивото од 5 проценти за да се потисне инфлацијата.

Тоа би било повисоко ниво од очекувањата на пазарот, со оглед на тоа што пазарот на пари проценува дека крајната каматна стапка, со која ФЕД би го запрел циклусот на зголемување на цената на парите, би можела да достигне 4,88 отсто.

Во фокусот на инвеститорите деновиве се кварталните деловни резултати на банките и компаниите, кои не се многу импресивни.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 паднала за 2,6 отсто во четвртиот квартал од минатата година во однос на истиот период претходната година, поради високата инфлација и забавувањето на економскиот раст.

Пред две недели се очекуваше заработката да падне за 1,6 отсто.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,26 отсто, на 7.830 поени, а франкфуртски DAX за 0,03 отсто, на 15.181 поен. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,09 отсто, на 7083 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе