Откажани 900 летови поради штрајкот на пилотите на Lufthansа

Германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ откажа повеќе од 900 летови во четвртокот, на вториот ден од штрајкот на нејзините пилоти, кој треба да продолжи и во петок.

По откажувањето на 876 летови во средата, уште 912 летови, од кои 82 се летови на долги дестинации, нема да бидат остварени денес, со што се погодени околу 115.000 патници, сите со место на поаѓање или пристигнување во Германија, предупреди во средата компанијата.

Синдикатот на пилотите „Cocpit“ веќе предупреди дека штрајкот ќе продолжи и во петокот, овој пат и на кусите летови. Бројот на летови чиишто откажување се предвидува за петокот ќе биде познат подоцна во текот на четвртокот.

Поради одбивањето да бидат зголемени нивните плати веќе пет години и големиот пад на куповната моќ поради инфлацијата, додека компанијата остварувала профит, синдикатот бара просечна ретроактивна ревалоризација од 3,66 отсто годишно, многу повеќе од 2,5 отсто на шест години како што предлага управата на „Lufthansа“.

Станува збор за четиринаесетти штрајк на пилотите на „Lufthansа“ од 2014 година. Според таблоидот Bild, секој ден од штрајкот ја чини компанијата приближно 10 милиони евра.

Другите компании ќерки на „Lufthansа“ се „Eurowings“, „Germanwings“, „Swiss“, „Austrian Airlines“, „Air Dolomiti“ и „Brussels Airlines“.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе