Пад на европските берзи четврти ден по ред

На европските берзи цените на акциите паднаа во средата наутро, четврти ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за економијата откако руски Газпром ја прекина испораката на гас за Русија и Бугарија.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,4 отсто во 9:30 часот, па по четири дена пад се лизна блиску до најниското ниво во последните шест месеци.

Утринава лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,33 отсто на 7.362 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,80 отсто на 13.646 поени, а париски CAC 0,78 отсто на 6.364 поени.

Поддршката на пазарот ја обезбедуваат подобри од очекуваните квартални деловни резултати од компаниите и банките, како што е банкарската групација Lloyds Banking Group.

Но, инвеститорите се загрижени за енергетската безбедност и економскиот раст во Европа, откако руски Газпром утринава ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија.

Ова може да има негативно влијание врз европската економија и дополнително да ги поттикне и онака високите цени на нафтата и гасот.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа, па така индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонскиот, беше во минус од 0,8 отсто околу 9:30 часот.

На токиската берза индексот Nikkei падна за 1,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја се лизнаа меѓу 0,8 и 1,1 отсто. Во Хонгконг, пак, поскапеа за 0,25, а во Шангај повеќе од 2 отсто.

Страв од нагло забавување на кинеската економија

Финансиските пазари, кои веќе се под притисок поради веројатниот агресивен пораст на каматните стапки на американската централна банка, високата светска инфлација и војната во Украина, беа дополнително притиснати оваа недела поради стравувањата од нагло забавување на кинеската економија.

Како резултат на тоа, индексот MSCI на најголемите светски берзи падна на најниско ниво во последните 13 месеци.

Цените на акциите на кинеските берзи утринава пораснаа, но ова е само корекција по остриот пад на почетокот на неделата, кога паднаа на најниските нивоа во последните две години.

Ова е последица на ширењето на коронавирусот во Кина, што претходно доведе до „затворање“ на Шангај и неколку други градови, а во делови од Пекинг полека се воведуваат рестриктивни мерки.

Овие мерки, во согласност со политиката на „нулта толеранција“ на Ковид, ќе го забават и онака бавниот раст на втората по големина економија во светот и дополнително ќе ги нарушат синџирите на снабдување.

Бидејќи инфлацијата засега не е проблем во Кина, инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки, додека кинеската централна банка вели дека ќе ја поддржи економијата.

Пазарите се исто така лошо погодени од вчерашниот остар пад на Волстрит. Dow Jones се лизна за 2,38 отсто, додека S&P 500 потона за 2,81 отсто, а Nasdaq индексот 3,95 отсто, најмногу поради притисокот врз технолошкиот сектор, кој не е погоден за опкружување со висок интерес.

Иако кварталните деловни резултати на американските компании се подобри од очекуваното, најголемата светска берза веќе извесно време е под притисок бидејќи се очекува агресивно зголемување на каматните стапки на ФЕД.

„Заработката генерално е прилично добра, но тоа не значи многу во целата оваа пазарна приказна. ФЕД и другите централни банки најмногу се следат, како и ситуацијата со коронавирусот во Кина“, рече Рос Мејфилд, стратег во Baird.

Банката на федерални резерви ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, во март, и најверојатно ќе ги зголеми за дополнителни 0,50 процентни поени веќе во мај.

Бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во повеќе од 40 години, станува се појасно дека ФЕД ќе продолжи агресивно да ја затегнува монетарната политика.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе