Паднати дрвја, скршени клупи, водопади: Невремето го опустоши Белград

Белград синоќа повторно го зафати силно невреме.

Според локалните медиуми, градските улици се поплавени, паднале многу дрвја, а многу возила се оштетени.

Невремето собори огромни дрвја и во близина на Музејот на Југославија.

Поради пороите заглавија многу возила. Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, изјави дека суперќелиските бури стануваат реалност.

„Мораме да ги прифатиме новите временски услови. Суперќелиските бури стануваат наша реалност. Имавме дури и среќа во споредба со регионот и светот. Загреб беше целосно уништен. Количеството на врнежи беше околу 55 литри на метар квадратен. Максималната е околу 60 литри. Ова е количината што вообичаено паѓа за еден месец“, изјави Шапиќ.

Градоначалникот на Белград истакна дека канализацијата не може да прими поголемо количество дожд и дека тоа е проблем и во многу побогатите области и градови.

„Имавме над 250 интервенции од нашите комунални претпријатија, 1.500 работници постојано се на терен, состојбата во градот се стабилизира“, додаде тој.

Дождот буквално предизвика колапс во Белград и делови од градот. Најлошо беше во општините Раковица и Чукарица. Во првата буквално е создаден водопад, како што може да се види на видеата од социјалните мрежи, додека во Чукарица е снимен гејзер.

Градот беше целосно блокиран, а претходно невремето ги зафати и Рума, Нови Сад и Инџија.

Тагови
реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Дали ги имате овие 3 среќни броеви во датумот на раѓање?

Read more

Регион

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Read more

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Read more

Издадено предупредување за силно невреме во Грција

Read more

1,2 милијарди евра за Западен Балкан, најави ЕК

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе