Пакистан го награди Бил Гејтс за ублажување на сиромаштијата и искоренување болести

Пакистан го награди ко-основачот на Microsoft, милијардерот Бил Гејтс, со второто највисоко цивилно признание Хилал-е-Пакистан, за ублажување на сиромаштијата и неговата посветеност на искоренувањето болести, како што се полио и туберкулоза.

На Гејтс му беше врачена наградата Хилал-е-Пакистан, директно од претседателот Ариф Алви. По церемонијата, тој имаше состанок со премиерот Имран Кан.

– Посветеноста на Пакистан да стави крај на полиото е инспиративна, изјави Гејтс во објава од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Фондацијата на Гејтс помогна речиси да се искорени болеста.

– Лидери на Влади, здравствени работници, како и родители, работат неуморно на тоа да се осигураат дека оваа болест нема да парализира уште некое дете, истакна Гејтс.

Милијардерот пред новинарите во Исламабад изјави дека е импресиониран од тоа што го прави Пакистан. Според Гејтс, полиото во Пакистан се шири помалку од очекуваното, а причината ја гледа во тоа што луѓето помалку излегуваа од дома за време на пандемијата од COVID-19.

Кога станува збор за Авганистан, Гејтс појасни дека таму сега се врши повеќе вакцинација против полио, во споредба со изминатите години.

Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот каде детската парализа останува ендемична. Болеста може да предизвика делумна парализа кај децата. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе