Патешествието наречено КЕЦ на ЕВН Македонија

За да завршиш нешто едноставно и поврзано со услугите на ЕВН Македонија, треба да се обратиш во некој од Корисничките Енерго Центри (КЕЦ). Едноставно нели? Па, не баш.

Како корисник на ЕВН Македонија, се соочив со потреба од промена на адреса за достава на фактурите за потрошена електрична енергија. Се упатив во КЕЦ Ѓорче Петров во Скопје. Влегов, зедов бројче, 11 луѓе чекаат пред мене. Нема шалтери, има една приемна канцеларија и влегуваат корисниците еден по еден. Океј, си велам, 10 часот е, 11 луѓе пред мене, не е толку страшно, би требало да завршам за 1 час.

По час и нешто чекање, редот на чекање се намали за двајца корисници. Пресметувам дека со таа динамика на опслужување на корисници, дека и да чекам до крај на денот, можно е да не завршам работа. Дека за да завршиш работа, треба да земеш слободен ден од работа. А можеби и два.

„Дечко, а бе не се нервирај па и ти, нормално е ова тука”, ми дофрла еден повозрасен. „Земи си бројче, врати се на работа или иди негде пиј си кафе и врати се за 4-5 саати пак, хехе”, ми споделува мудрост човекот како да го „хакнам” системот.

Го „хакнав" системот така што си отидов и не завршив работа. Не планирам да земам ден-два слободни за да ги потрошам на посета на КЕЦ на ЕВН Македонија за факинг промена на адреса за достава на фактури.

Некој да ми кажувал дека во 2019 година ваква навидум едноставна активност би можела да се спореди со невозможна мисија, немаше да му верувам. Поспоро, понеспособно и понеорганизирано од шалтери во државни инстутуции? Па тоа е лесно - КЕЦ на ЕВН Македонија.

Дарко Лазаревски

-----------------------------------

Дополнето:

По објавата, до нашата редакција стигна појаснување од ЕВН, кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,

ЕВН презема низа активности за подобрување на корисничкото искуство поради што креираше online услуги за корисниците кои немаат можност и време да ги посетуваат приемните канцеларии на ЕВН. Ви презентираме дополнителни информации за Вашиот посетител, а наш корисник Дарко Лазаревски кој испрати писмо до Вас за искуството кое го имал при посетата на нашиот КЕЦ (Кориснички енерго центар).

Имено, промената на адресата за достава на сметките за потрошена електрична енергија е процес во два чекора:

- пополнување на барање за промена на адресата

- достава на барањето до ЕВН по електронска пошта или лично во најблискиот КЕЦ

Барањето за промена на адреса за достава може да се најде на веб страната www.evn.mk -https://www.evn.mk/getdoc/3ec33859-8e5b-4e81-bf4f-709fe841e155/MKAX023_Auzriranje_na_licni_podatoci_web.aspx или во приемните канцеларии во најблискиот КЕЦ на ЕВН.

Информациите за процедурата, корисниците може да ги добијат ако телефонски се обратат до Контакт центарот на ЕВН ( 089 089 089 ), а барањето ќе се реализира ако испратат електронска пошта на info@evn.mk, или ако лично достават пополнето барање за промена на адресата во најблискиот КЕЦ, што го препорачуваме како крајна солуција зошто овие центри корисниците ги посетуваат и за покомплесни услуги.

Со почит,

ЕВН

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе