ПЦР тестирање и вакцини, но без карантин за бегалците од Авганистан

Разработен е протокол и препораки, кои предвидуваат ПЦР тестирање и здравствена помош, доколку е потребна за групата авганистански граѓани кои треба да пристигнат во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Карантин за овие лица нема да има, рече Филипче, бидејќи се предвидува ПЦР тестирање и проверка дали се вакцинирани.

– Ние не знаеме каква е точно таму ситуацијата и затоа да им се пружи здравствена помош доколку е потребна. Ќе стигнат жени и деца. Ќе дојдат гениколошки и педијатриски тимови, матични лекари за сите да видиме дали евентуално е потребна лекарска помош. На сите ќе им се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од тие што ќе дојдат, ден или два по тестирањето ќе бидат вакцинирани. Тоа ќе се спроведе на местата, односно хотелите, каде што ќе бидат сместени, изјави Филипче.

Владата најави прифаќање на околу 650 граѓани од Авганистан – вработени (и нивните жени и деца) во хуманитарните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка на НАТО силите во Авганистан.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе