Пендаровски контра Заев: Амбасадорите имаат право да ги штитат бизнисите на своите граѓани

Амбасадорите имаат право да ги штитат приватните бизнисите на своите граѓани, смета претседателот Стево Пендаровски.

Тој ги коментираше вчерашните најави на експремиерот Зоран Заев дека ќе го тужи австрискиот амбасадор Георг Вуцас, кој претходно побара да се сменат судии и обвинители во случај со фирма поврзана со роднина на Заев.

Пендаровски вели дека и нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите.

„Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“, рече Пендаровски.

Синоќа поранешниот премиер Зоран Заев порача дека ќе го тужи австрискиот амбасадор ако уште еднаш го спомене неговото име во негативна конотација.

Неговата реакција доаѓа по соопштението што го испрати австриската амбасада до медиумите во кое бара смена на судии и обвинители кои постапувале во спор меѓу австриска и валандовска компанија и обвинува дека Австријците не може да наплатат долг од 4,5 милиони евра иако имало пресуда на Меѓународниот арбитражен суд во Виена.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе