Пендаровски се сретна со претставници на партијата на Македонците од Албанија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција во Собранието на Република Албанија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На средбата, на која Стерјовски бил, придружуван од Таќо Гроздани, генерален секретар на партијата, се разговарало за актуелната состојба со пандемијата на COVID-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско население во земјата.

Соговорниците го информирале претседателот Пендаровски за тековните активности на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија во насока на унапредување на положбата на Македонците во Албанија, како и односите меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски констатирал дека Северна Македонија и Албанија имаат одлична соработка, а оти работата на Македонската алијанса може да придонесе кон унапредување на релациите, како и поврзување на заедниците во двете земји.

Покрај добрите соседски односи, двете земји сега имаат проширена можност за соработка како членки на НАТО, како и размена на искуства во европската интеграција.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе