Перфекционизмот на Bugatti: Еден човек го проверува секој милиметар од автомобилот

Перфекционизмот на Bugatti ги вклучува и услугите на метролог.

Неговата работа на почетокот звучи досадно и неважно. Да, ако произведува обичен голем сериски автомобил, но не кога станува збор за Bugatti и неговиот перфекционизам.

Со помош на специјална мерна опрема го проверува секој дел од автомобилот следејќи ги соодветните процедури. Тој користи рачни алатки, но и 3Д скенер со прецизност од дури 0,005 мм.

Bugatti со гордост го претставува Грегоар Халер-Мејер, човекот кој се грижи растојанието помеѓу два дела на Chiron да биде во дозволените граници.

„Морам да најдам причина ако растојанието помеѓу две компоненти отстапува од нашите специфицирани толеранции за само еден милиметар“, објаснува Халер-Мејер.

Ако го измери отстапувањето, Халер-Мејер мора да ја утврди причината и врз основа на тоа, во соработка со други специјалисти, да го најде оптималното решение за проблемот. Најчесто тоа се замена на компонента или адаптација на постоечка.

Халер-Мејер нагласува дека тоа е само еден дел од неговата работа.

„Вториот дел од работата е за анализа на податоци за да се гарантираат и постојано да се подобруваат нашите стандарди за квалитет и да се обезбеди апсолутна врвна завршница на хиперспортските автомобили што ги создаваме“.

Bugatti забележува дека истите стандарди важат за сите нивни производи, од Chiron до уникатниот La Voiture Noire.

Тагови
реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе