Перу: 13 загинати во стампедо предизвикано од полициска рација во ноќен клуб

Најмалку 13 лица загинаа, а тројца се повреднеи во стампедо во ноќен клуб во главниот град на Перу ноќта во саботата спроти неделата.

Стампедото се случило за време на полициска рација спроведена како дел од проверките за почитување на мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Интервенцијата на полицијата следела по повиците да биде прекината нелегалната забава на која присуствувале над 120 луѓе. Полицијата морала да интервенира бидејќи биле прекршени протоколите за одржување физичка дистанца, како и забраната за собирање големи групи на луѓе за време на пандемија.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи стои дека полицијата не користела солзавец или какво било друго оружје по влегувањето во објектот.

Стампедото наводно се случило кога присутните на забавата се обиделе да побегнат од полицијата на вториот кат.

Во тек е истрага за да се идентификува сопственикот на ноќниот клуб и организаторите на забавата. Уапсени се 23 лица.

Перу беше една од првите земји во Јужна Америка кои почнаа со спроведување на строги рестриктивни мерки против коронавирусот. Покрај ваквите напори, Перу пак спаѓа меѓу најтешко погодените латиноамерикански земји.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во Перу се регистрирани 576.000 заразени со COVID-19, од кои 27.000 починале.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе