Песков: Русија засега нема намера целосно да ја запре испораката на гас за Европа

„Русија не е заинтересирана за целосно прекинување на испораките на гас за европските земји, но тоа може да се промени доколку ЕУ продолжи да воведува санкции кон Москва“, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, дека по намалувањето на испораките на гас од Русија, Европа треба да се подготви за целосно прекинување на протокот на тој енергенс, Песков им рече на новинарите дека „Русија не е заинтересирана за такво нешто“, пренесе руската агенција ТАСС.

– Русија е одговорен снабдувач со гас и без разлика што велат во Европската комисија, во европските метрополи и во САД, Русија беше, е и ќе продолжи да биде земја која во голема мера ја гарантира енергетската безбедност на Европа, рече Песков.

Сепак тој потенцира дека ситуацијата ќе се промени доколку Европската унија „продолжи по патот на непромислено наметнување ограничувања и санкции“ кон Москва.

Кога станува збор за испораките преку гасоводот Северен тек, Песков рече дека тие ќе бидат „во технолошки можните граници“ откако ќе се постави турбината и ќе се врати од ремонт.

– Се разбира, турбината ќе биде инсталирана. Знаеме дека сè уште има проблеми со другите единици, за што знае и компанијата Сименс. Но, се разбира, турбината ќе биде инсталирана откако ќе се завршат сите формалности. И испораките ќе продолжат до степен до кој тоа е технолошки возможно, рече Песков на прашањето дали Гаспром ќе ја зголеми испораката на гас во Европа по инсталирањето на турбината.

Гасоводот „Северен тек“ работи со 40 отсто од максималниот капацитет од средината на јуни поради задоцнетото враќање на гасните турбини по ремонтот, што е последица на канадските санкции против Русија.

реклама

Свет

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Read more

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Read more

Виктор Орбан прави сè да се спаси царините на Трамп

Read more

Лавров: Фашистите окупираат територии кои отсекогаш им припаѓале на Руската империја и на Советскиот Сојуз

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе