На северозападот во Кина цел град беше проголтан од песочна бура, а за тоа сведочат фотографии и снимки објавени на социјалните мрежи.
На снимките се гледа како градот Дунхуанг целосно е прекриен со песок којшто полека се провлекува преку згради и улици, пишува BBC.
Дунхуанг се наоѓа на работ на пустината Гоби.