Пет лава избегале од кафез во зоолошка во Сиднеј

Накратко настанала општа узбуна во сиднејската Таронга зоолошка градина откако пет лава успеале да излезат од својот кафез.

Лавовите сликани во август годинава

Животните - еден возрасен и четири млади - биле забележани надвор од својот кафез околу 18:30 часот по локално време. Зоолошката веднаш била испразнета и затворена. Возрасниот лав и три од младите биле мирно вратени во кафезот, додека за четвртиот морало да биде употребена инјекција за смирување.

Властите на зоолошката наведуваат дека никој не бил повреден, ниту од посетителите ниту од лавовите.

Засега нема информации како лавовите успеале да излезат од кафезот, а извршниот директор на зоолошката, Сајмон Дафи, најави дека ќе биде отворена истрага.

Откако го напуштиле кафезот лавовите се стационирале во тампон зоната, на околу 100 метри од најблиското место каде што во моментот престојувале посетители.

Десет минути откако бил приметен инцидентот еден од чуварите го вклучил алармот, а вработените веднаш ги префрлиле посетителите на безбедна локација.

Во 2009 година лавица побегна од Зоолошката градина Мого јужно од Сиднеј и мораше да биде застрелана поради опасноста која ја предизвика по луѓето.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе