Петличковски: Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата против COVID-19

Омикронот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата и може да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина ако таа е примена долго време претходно. Затоа единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против COVID-19, вклучително третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80% со нејзина примена, истакна денеска новиот претседател на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која министерот за здравство Беким Сали го соопшти наградениот состав на Комисијата рече дека инсистираат и понатаму да останат постојните мерки за заштита, маски, дистанца.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ рече дека нема да има промена во делот на тоа како се користат сертификатите.

– Сметаме дека на тој начин најдобро ќе се заштити популацијата која нема создадено имунитет. Трансмисијата на вирусот е сѐ уште на високо ниво. Се наоѓаме во зимски месеци кога таа преносливост е дополнително олеснета и доколку сега направиме еден таков радикален чекор за укинување на ковид-сертификатите особено ако земеме предвид дека имаме многу низок степен на вакцинација тоа ќе биде нешто што може дополнително значително да го оптовари здравствениот систем и сега таа мерка би била апсолутно контрапродуктивна и затоа нема да се разгледува во наредниот период додека се уште сме во ваква кризна состојба, додаде д-р Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Д-р Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член на Комисијата, рече дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека омикрон варијантата е полесна.

– Омикрон варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа не заборавајте дека добар дел од тие кои лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација. Во моментот работиме со исполнети капацитети. Во координација сме и со други ковид-центри. Бројот на пациенти кои имаат потреба за хоспитално лекување е значително зголемена. До денеска немам евидентирано ниту еден пациент кој е починат од COVID-19, кој е редовно вакциниран без коморбидитети, а сум сведок на многу пациенти без коморбидитети, невакцинирани кои починале, рече д-р Демири.

Тој апелираше до граѓаните дека единствената мерка која би не заштитила и за полесно да се помине COVID-19 е вакцинацијата.

– Граѓаните треба да се вакцинираат, бидејќи моментално тоа е спас од COVID-19, додаде д-р Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе