Петмината скијачи на швајцарските Алпи се обиделе да ископаат засолниште пред да умрат

Група скијачи кои исчезнаа на швајцарските Алпи се обиделе да ископаат „снежно засолниште“ за да се спасат од ниските температури, потврди водачот на спасувачките екипи за Sky News.

Анџан Труфер, шеф на планинската спасувачка служба Air Zermatt, беше на местото на настанот кога во неделата беа пронајдени телата на пет скијачи во областа Тет Бланш.

Потрагата по шестото лице сè уште трае. Труфер рече дека неговиот тим доцнел со пристигнувањето на местото на несреќата во близина на Матерхорн, една од најпознатите планини на Алпите, поради снежна бура. Неговите француски колеги први ги забележале двете тела.

Пронајдени мали и лесни лопати

„Почнавме да ги бараме другите со лавински примопредаватели и веднаш откривме уште две тела“, рече Труфер.

На снимката од хеликоптер што ја објави локалната полиција, може да се види скијачка патека на падините на планината, како и мали купишта снег.

Труфер претпоставува дека тоа се „снежни засолништа“ кои скијачите се обиделе да ги ископаат за заштита.

„Тие се обиделе да направат засолниште за да се заштитат од ветерот“, објасни тој и додаде дека групата скијачи немала соодветна опрема, а доказ за тоа се „малите и лесни“ лопати што ги пронашле.

„Не можете да држите чекор со оваа опрема ако снегот паѓа навистина брзо“, нагласи Труфер.

Шесте скијачи, од кои пет се членови на исто семејство, во саботата тргнале на скијачка турнеја од алпскиот град Зермат во Швајцарија, со цел да стигнат до Арола.

Веројатно тренирале за трка

Се верува дека се на возраст меѓу 21 и 58 години, но властите не го соопштуваат нивниот идентитет.

Труфер потврди дека и скијачите биле „лесно облечени“. Се верува дека скијачите тренирале за трка пред да западнат во неволја.

Во тек е потрага по шестото исчезнато лице, а Труфер верува дека сите вклучени во мисијата треба да бидат „реални“ за исходот.

„Би можеле да продолжиме да бараме уште една недела без никаква среќа. Одењето пеш во овие услови на глечерот нема да ве однесе далеку“, рече тој.

„Можеби тој човек паднал во некој од процепите. Можеби ветрот го соборил и го затрупал во снегот. Многу е тешко да се каже. Најстрашното нешто што му се случува на едно семејство е кога нема да најдете тело на крајот. Тешко е“, заклучи тој.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе