Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија според последните резултати на ДИК води дупло пред актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ.
На 51,52% пребројани гласови Силјановска има 257.220 гласови, или 63,66%, додека Пендаровски има 121.050 гласови, односно 29,96%.