Вакцината на Pfizer/BioNTech против COVID-19 е позната како една од најефикасните. Но, со неа постоеше проблем, кој според објавата на компанијата Pfizer, е веќе отстранет.
Имено, Pfizer и BioNTech денеска ѝ испратија на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) податоци од студијата, во која се наведува дека оваа вакцина сепак не мора да се чува на исклучително ниски температури.
Познато е дека транспортот и складирањето на оваа вакцина против коронавирус на температура меѓу -80 и -60 степени Целзиусови претставуваа голем логистички проблем за државите кои ги нарачуваа, бидејќи бара посебна опрема за ладење.
Според денешната објава на Pfizer и BioNTech, тоа сепак е непотребно, па нивната вакцина две недели може да се складира и транспортира на температури од -25°C до -15°C, односно во обични ладилници.
Pfizer наведува во соопштението дека складирањето на вакцината на повисоки температури може да користи „како алтернатива или комплементарно решение за чување на екстремно ниски температури“.