По новите случаи на COVID-19, војската на Нов Зеланд ги чува државните карантини

МИА/КАЈГАНА
/ 17.06.2020 / 10:09

Нов Зеланд денеска соопшти дека армијата ќе ги надгледува карантинските објекти и ќе ги заостри граничните контроли, откако на две лица заразени со коронавирусот им било дозволено да се движат низ целата земја.

Нов Зеланд вчера го загуби статусот „земја без корона“, откако на две жени кои пристигнаа од Велика Британија им било дозволено да го напуштат карантинот да го напуштат карантинот за да го видат родителот кој бил на смртна постела при што им дозволиле да патуваат од Окланд до Велингтон со автомобил.

Премиерката на таа земја Џасинда Ардерн рече дека на заразените лица не требало да им се дозволи да заминат од карантин.

– Ова е неприфатлива грешка на системот. Ќе бараме да се спроведе не еден, туку два теста во овие објекти, без исклучок, рече Ардерн. Таа се договорила со помошникот министер за одбрана Дигби Веб да ги надгледува сите карантини и да раководи со објектите за изолација,вклучително и процесот на пуштање на луѓето од тие објекти. 

Таа најави дека ќе се изврши ревизија за да се осигура дека се следат процесите и да се направат сите потребни промени за понатамошно зајакнување на граничните објекти. 

Властите во Нов Зеланд започнаа со тестирање на сите оние кои претходно биле во контакт со тие две жени, а тоа ги вклучува и патниците во авионот, луѓето во хотелот во Окланд каде што биле сместени во карантин, членовите на нивните семејства со кои се сретнале во Велингтон.

Жените се сместени во изолација во Велингтон, а погребот на нивниот родител е откажан додека оздрават.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе