По повеќе од 8 часа заврши распитот на Ахмети пред Специјалниот суд за Косово

Испитувањето на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од страна на истражителите на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое се одржа во просториите на мисијата на ЕУ - ЕУЛЕКС во косовскиот главен град, заврши попладнево, по повеќе од о8 часа од неговото појавување таму утрово околу 9:30 часот.

Околу 18 часот Ахмети е забележан како го напушта седиштето на меѓународната правна мисија во Косово, при што не даде никаква изјава за медиумите.

Според косовските и другите медиуми на албански јазик, но и според самиот Ахмети, тој е повикан на распит во својство на сведок, како еден од членовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) уште од нејзиното основање и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година.

Иако засега нема официјални информации ниту од лидерот на ДУИ, ниту пак од Меѓународниот трибунал, според досегашните практики на Специјалното обвинителство, може да се очекува распитот да продолжи и во текот на утрешниот ден.

Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот чие седиште е во Хаг, а кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна во јануари минатата година, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.

Покана да се јават пред обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Меѓу последните обвинети се и двајца од основачите и водачите на ОВК, претседателот на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и доскорешен собраниски спикер, Кадри Весели.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе