Почина Шимон Перес

Поранешниот претседател на Израел, добитникот на Нобеловата награда за мир Шимон Перес, починал во својот дом на 94-годишна возраст, објави израелскиот весник Харец.

Шимон Перес беше еден од последните преживеани основачи на модерниот Израел. Роден во Полска како Шимон Перски во 1923 година, а со семејството во мандатната Палестина пристигнал кога имал 11 години.

Растел во Тел Авив каде учел во средно земјоделско училиште, а работел и како фармер и овчар. Додека престојувал во САД студирал во Њујорк и на Харвард.

Бил премиер на Израел и лидер на Лабуристичката партија. Тој е првиот Израелец кој бил премиер и претседател на државата.

За време на својата политичка кариера, долга речиси 70 години, ги обавувал речиси сите значајни функции во владата, а како што потсетува Њујорк Тајмс, ја имал клучната улога во историјата на земјата како борец и миротворец.

Член на Кнесетот (парламентот на Израел) бил од 1959 се до 2007 година кога станал претседател на државата.

Перес, како шеф на израелската дипломатија, во 1993 година бил вклучен во преговорите со лидерот на Палестинската ослободителна организација, Јасер Арафат. Наредната година за тој договор, заедно со Арафат и тогашниот премиер на Израел Јицак Рабин, Перес ја доби Нобеловата награда за мир.

Кога во 2014 година му заврши седумгодишниот претседателски мандат продолжил да биде активен во Центарот за мир кој го носи неговото име и чија цел е коегзистенција помеѓу Евреите и Арапите.

До крајот на животот тој останал влијателна личност во државата и надвор од неа.

Во 1995 година се објавени неговите мемоари насловени како „Битката за мир“.

Перес на 13 септември бил хоспитализиран поради проблеми со срцето. Здравствената состојба на почетокот му била сериозна, но стабилна, а вчера се влошила. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе