Починати 24 лица од COVID-19, нови 978 случаи од 7.452 тестирања

Нови 978 случаи на COVID-19 од направени 7.452 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Починати се 24 пациенти, а бројот на активни случаи во земјава достигна 14.127, соопшти Министерството за здравство.

Речиси половина од новите случаи односно 405 се во Скопје, по што следуваат Тетово со 72, Струмица со 66, Куманово со 55 и Гостивар со 48 случаи.

Во Кичево се регистрирани 40 нови случаи, во Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17 и Радовиш – 13.

Едноцифрен број на нови случаи има во Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.

Од починатите, двајца се на возраст од 39 години. Шест пациенти ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г) се починати во Скопје, четворица ( 68г, 59г, 58г, 39г) во Тетово и тројца ( 73г, 67г, 65г) во Струмица. По две починати лица има од Велес (78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г)  и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г). Сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 524 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 174.667. Оздравени се 154.698 пациенти, а починати 5.842 лица. 

реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе