Почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот

Данска го гради најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ја поврзе со Германија под Балтичкото Море. За неколку години, тунелот Fehmarnbelt ќе го скрати 45-минутното патување со траект на само седум минути со воз.

Цената на проектот е околу осум милијарди долари, а покрај железничкото поврзување, тунелот ќе има и автопат со четири ленти. Не само што ќе биде најдолгиот подводен тунел, туку и најдолгиот железнички тунел во светот.

Данскиот крал Фредерик X го посети градилиштето по повод поставувањето на првиот бетонски сегмент долг 217 метри, а до крајот на проектот ќе има вкупно 79.

Вкупната должина на тунелот ќе биде 18 километри, а се работи за таканаречен „нурнат“ тип на тунел. Ќе биде поставен на дното на Балтичкото Море во ров широк 40 до 50 метри и длабочина од 12 до 15 метри.

Remote video URL

Тунелот е клучна компонента на скандинавско-медитеранскиот коридор, транспортна мрежа која се протега на речиси 5.000 километри од Средоземното Море до Финска. Коридорот го преминува океанот и минува низ Алпите, но кога ќе стигне до Скандинавија, теснецот Фемарн ги принудува патниците да заобиколат 450 километри.

Планираната железничка врска ќе го скрати патувањето од Хамбург до Копенхаген од пет на помалку од три часа, а 45 минути со траект ќе трае десет со автомобил и седум со воз.

Сообраќајот во подводниот тунел ќе се одвива преку посебни тунелски цевки, по една за секој правец. Ќе има и лента за застанување, а тунелот постојано ќе го надгледуваат камери од контролен центар во Копенхаген.

реклама

Војна на пешкирите и лежалките во Грција

Read more

Бојлер усмрти 14-годишно дете во Маврови Анови

Read more

5 хороскопски знаци на кои ќе им „процвета“ љубовта во јули 2024

Read more

Македонец пронајде девојче од Србија кое се загуби во Грција

Read more

Свет

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп?

Read more

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина

Read more

Земјите од ЕУ кои граничат со Русија и Белорусија бараат повеќе средства

Read more

Расте бројот на антисемитски инциденти во Германија

Read more
 

Вести

Бојлер усмрти 14-годишно дете во Маврови Анови

Читај повеќе

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Читај повеќе

Македонец пронајде девојче од Србија кое се загуби во Грција

Читај повеќе

Левица: Без соодветна документација се гради загадувачка индустрија во подножјето на Беласица

Читај повеќе

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп?

Читај повеќе

Новата Влада ќе ја одржи првата седница: На дневен ред пензиите

Читај повеќе

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Читај повеќе

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина

Читај повеќе
  • filter

Започнува проектот БИЗНИС ЛИДЕР – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

Читај повеќе